Апелациониот суд Скопје ги прифати жалбите на Специјалното јавно обвинителство против решението на Кривичен суд со кое се забранува користењето на „бомбите“ како доказ во случаите „ТНТ“ и „Топлик“.
Првообвинет во „Топлик“за случајот Сончев град е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, а предметот „ТНТ“ се однесува на уривањето на станбениот комплекс „Космос“ и провобвинет е поранешниот премиер Никола Груевски.
Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на 27 септември годинава ги одби „бомбите“ како доказ во случаите „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“.