Американската полиција соопшти дека маратонот кој треба утре да се одржи во Њујорк ќе биде обезбеден на највисоко ниво досега. Повеќе од 50 илјади тркачи и илјадници гледачи се очекува да присуствуваат на маратонот долг околу 26 милји, неколку дена по смртоносниот напад во Менхетен при кој загинаа 8 лица.
Според полицијата, во обезбедување на настанот ќе бидат вклучени и дополнителни униформирани патролни службеници и полицајци во цивилна облека, како и тимови на антитерористички единици, тренирани кучиња за откривање на експлозивни направи и снајперисти. Полицијата посочи и дека нема информации за некаква закана против маратонот.