Британски парламентарен комитет побарал од Твитер детали за профили поврзани со Русија, неколку дена откако САД упатија слично барање до социјалните медиуми. Шефот на комитетот Дамијан Колинс изјави дека барањето било упатено по информациите обезбедени од американскиот комитет кој го истражува наводното руско мешање во претседателските избори во минатата година.
Тој му пишал на извршниот директор на Твитер, Џек Дорсеј барајќи информации за посотови околу британската политика напишани од страна на руски профили.
„За време на сослушувањето стана јасно дека вашата организација открила 2752 профили поврзани со интернет агенција за истражување со седиште во Санкт Петерсбург. Некои од тие профили постирале содржини поврзани со политиката во Велика Британија“, му напишал Колинс на Дорсеј. Колинс на Твитер му дал рок до крајот на ноември да ги обезбеди бараните информации.