Американскиот Конгрес објави многубројни реклами од Фејсбук поврзани со руска интеренет агенција кои биле плаќани за да влијаат врз американското јавно мислење. Рекламите беа објавувани во време кога раководителите на Фејсбук и другите социјални мрежи се соочуваат со критики дека не направиле доволно за да ги спречат руските агенти да се мешаат во американските избори. Многу реклами кои биле платени во текот на ланските претседателски избори се фокусирале врз социјални прашања, како имиграцијата и правата на хомосексуалците. Фејсбук деновиве откри дека содржините што ги пласирала руската група Агенција за интерент истражувања, потенцијално можеле да стигнат до 126 милиони корисници. Претходно, Твитер соопшти дека открил и затворил над 2.700 налози поврзани со истата група.