Заев - Се води истрага за двајца високи претставници на власта

Архива - Премиерот Зоран Заев.

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека по дојави од граѓани се води истрага за двајца високи претставници на власта.

„Ова го кажувам за првпат, јас постојано ги охрабрувам граѓаните на нашето општество да пријавуваат потенцијални случаи на корупција и како резултат на тоа во моментов се води истрага по овие дојави за двајца високи претставници на власта кои се на должност неколку месеци“ рече Заев.

Тој не сакаше да открие повеќе детали, наведувајќи дека ова е само истрага. „Со ова сакам да кажам дека законот мора да важи подеднакво за сите“, рече Заев.

Премиерот ова го изјави на самитот „Македонија 2025“ во рамките на неговото обраќање на панел дискусијата на тема: „Што научивме и како да ги применуваме најдобрите практики во Македонија и регионот“.