Поранешниот градоначалник на општината Ѓорче Петров Сокол Митревски е приведен изутрината, потврдуваат за Радио Слободна Европа полициски извори. Од Основното јавно обвинителство велат дека немаат информација дали е приведен и додаваат дека откако ќе проверат дали е отворен предмет против него ќе ја известат јавноста преку соопштение.
Според неофицијалните извори, заедно со него се приведени неколку негови соработници, поради, како што наведуваат истите извори, злоупотреба на службена должност.
Митровски кој доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ беше градоначалник на општина Ѓорче Петров од 2005 до 2017 година.