Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, изјави дека осум лица се убиени кога пикап камион влетал на велосипедска патека во Долни Менхетен.
Полицијата претходно објави дека повеќе луѓе биле повредени во нападот што Де Бласио го нарече „особено кукавички чин на терор насочен кон невини цивили“.
Според службите за итни случаи, единаесет луѓе имаат сериозни повреди, но не се во животна опасност.
Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, рече дека тоа е напад на „осамен волк“, додавајќи дека нема докази дека станува збор за „поширок заговор или поширока шема“.
Полициската станица во Њујорк наведе дека возилото удрило во велосипедисти и пешаци, пред да удри во друго возило, а возачот излегол и имитирал пукање од пиштол кон полицијата.
Човекот бил застрелан и уапсен од полицајците.
Претседателот на САД Доналд Трамп на Твитер напиша:
„Нападот во Њујорк изгледа како нов напад од многу болен и пореметен човек“.
Еден сведок за медиумите изјави дека видел бел пикап кој возел на југ по патеката за велосипеди со полна брзина и погодил неколку луѓе.
Тој, исто така кажа дека слушнал девет или 10 удари.
Канцеларијата на гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, обајви дека тој се упатува кон местото на настанот.