Агенците од Украина јавуваат дека антикорупциските истражители го уапсиле синот на министерот за внатрешни работи, Арсен Авваков. Тие цитираат извори во Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) кои потврдиле оти Александр Аваков бил уапсен денеска откако имало претрес во неговиот дом во источниот град Харков. Аваков потврдил за весникот "Украинска правда" дека детективи "дошле кај неговиот син за да направат пребарување". НАБУ објавија дека се притворени три лица, меѓу кои и поранешен заменик министер за внатрешни работи и бизнисмен,поради случај на проневера. Според НАБУ истрагата се однесува на наводната проневера на 520.000 долари од државниот буџет доделен на Министерството за внатрешни работи за купување на ранци во 2014-2015 година. Од НАБУ не се наведуваат никакви имиња, и се дополнува дека притворените лица наскоро ќе бидат официјално информирани дека се осомничени во случајот. Во меѓувреме, украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека активностите на НАБУ се " базираат врз политиката, а не врз законот"