Одложена седницата за „бомбите“ како доказ во „Тендери“

Елизабета Канчевска Милевска, поранешната министерка за култура

Апелацискиот суд ја одложи за утре седницата на која требаше да се расправа дали бомбите може да се користат како докази во случајот „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната минситерка за култура Елизабета Канчевска-Милевска . Седницата беше одложена поради службени обврски на претседателката на Апелацискиот суд, Лилјана Ивановска-Шопова,

Од тројцата судии кои треба да одлучуваат за овој предмет, на јавната седница присуствуваа судиите Јани Нича и Африм Фидани, како и четворицата адвокати кои ги застапуваат обвинетите.

Седницата е одложена за утре во 9 и 30 часот.

Освен Канческа-Милевска во „Тендери“ обвинети се и Лидија Лазарова-Цветковска и Јулијана Угриновска. На крајот на септември кривичниот совет кој го оценува обвинителниот акт, чиј претседател е судијата Ивица Стефановски, го прифати предлогот на адвокатите на Елизабета Канческа-Милевска, бомбите кои не беа јавно објавени да не бидат доказ во постапката. Судот претходно одби да го измени решението на Основниот суд Скопје 1 и не им определи притвор на Канческа и Лазарова-Цветковска.