Денеска во Истанбул треба да започне судењето на 11 активисти за човекови права, обвинети за тероризам. Тие се соочуваат со затворски казни до 15 години. Активистите, меѓу кои и двајца високо позиционирани активисти на Амнести интернејшнал, како и еден германски државјанин и еден Швеѓанец, се соочуваат со обвиненија за обид за создавање „хаос во општеството“ и учество во помош на „вооружена терористичка организација“.
Берлин го опиша случајот како „целосно неразбирлив“ и „апсурден“.
Амнести интернејшнал соопшти дека активистите се притворени „без причина, освен нивното верување во човекови права“ и мобилизираше познати личности да бараат нивно ослободување.
Случајот ги зголемува стравувањата дека Турција сè подлабоко навлегува во авторитаризам по минатогодишниот неуспешен обид за воен удар.