Шојбле: Грција излезе од ноќниот кошмар на економската криза

Поранешниот германски министер за финансии Волфганг Шојбле

Шојбле оцени дека Грција излегла од „ноќниот кошмар“ на економската криза по мерките за штедење за кој призна дека не би сакал да им ги наметнува на Германците. „Не би сакал да сум принуден да воведувам такви мерки во Германија“, рече тој за грчката телевизија Скај ТВ. „Сметаме дека Грција ќе заздрави без нови мерки и оти во идната година ќе се врати на пазарот“, оцени Шојбле кој вчера беше избран за претседател на Бундестагот, односно Долниот дом на германскиот парламент. Грција осум години применуваше остри мерки на штедење кои ги бараа меѓународните кредитори, Европската унија и ММФ за да и даваат помош на земјата.