Судењето на поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски денеска повторно е одложено поради необезбеден преведувач, јавува МИА. Тие минатиот петок беа изведени пред судот во Солун поради поседување лажни патни исправи.
Грујевски и Бошкоски за кои македонските власти распишаа потерница се обвинети од СЈО за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување во случаи познати како „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“. Тие беа уаспени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.