Еврокомесарот за миграција и внатрешни работи Димитрис Аврамопулос денеска изјави дека одлуката да се воведе нов систем за балканските земји кои имаат безвизен режим со Европската унија нема да значи и враќање на визите.
Воведувањето на системот ЕТИАС ќе бара од жителите на балканските држави и другите држави кои не се членки на ЕУ, но имаат безвизен режим со Унијата, да пополнат електронски формулар со своите податоци и да уплатат такса од 10 евра за влез во ЕУ. Според Аврамопулос, овој систем ќе значи поголема безбедност и за членките на ЕУ и за земјите од Балканот. Грчкиот претставник во Европската комисија инсистира дека системот ЕТИАС ќе биде само мала процедурална мерка за влез во ЕУ, а во најголем број случаи ќе го поедностави патувањето во Унијата.