Обвинувања за прислушување, одбиени тужби за изборите, избодена руска новинарка
РЕФОРМАТОРИТЕ ВО ВМРО-ДПМНЕ БАРААТ КОНГРЕС ЗА ИЗБОР НА НОВ ЛИДЕР
Александар Михајловски, еден од предводниците на иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, побара конгрес за избор на нов лидер на партијата и промовирање нови политики
УПРАВНИОТ СУД ОДБИ 16 ПАРТИСКИ ТУЖБИ ЗА ПРВИОТ КРУГ ОД ИЗБОРИТЕ
Скопскиот Управен суд одби 16 тужби на партиите за изборите како неосновани. 14 од нив се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, и по една од ТМРО и Левица. Одлуките на Управниот суд се конечни.
ВМРО-ДПМНЕ ГО ОБВИНИ МВР ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА НЕЈЗИНОТО РАКОВОДСТВО, ПОЛИЦИЈАТА ДЕМАНТИРА
Оливер Андонов од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека се потврдила изјавата на Никола Груевски дека МВР го прислушува целиот врв на партијата. Од МВР одговорија дека „таквите злоупотреби“ завршиле со промената на власта
НОВАТА ВЛАДА СО СТАРА СТРАТЕГИЈА ПРОТИВ АЕРО-ЗАГАДУВАЊЕТО
Министерството за животна средина и просторно планирање посочи дека против најголемиот еколошки проблем оваа зима ќе се водат според стратегиите усвоени од владата во 2012 и 2013 година
НОВИНАРКА НА МОСКОВСКОТО РАДИО „ЕХО МОСКВИ“ ПРОБОДЕНА ВО ВРАТОТ
Напаѓач упаднал во просториите на водечкото московско радио Ехо Москви и ја избодел заменик уредничката и водителка Татјана Фелгенгауер. Напаѓачот е уапсен, а новинарката итно е однесена во болница
ВУЧИЌ: МОЖНИ СЕ ИЗБОРИ, НО ОПОЗИЦИЈАТА УБАВО ДА СИ РАЗМИСЛИ
Српскиот претседател Александар Вучиќ пред новинарите изјави дека е можно одржување на вонредни парламентарни избори, доколку опозицијата толку „жестоко ги посакува". Но, сепак, тој ги повика политичките противници уште еднаш да размислат дали ќе одат на избори или не
ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО СЛОВЕНИЈА
Словенечкиот претседател Борут Пахор убедливо победи на претседателските избори Словенија, но не освои доволен број гласови за победа во првиот круг, соопшти словенечката Централна изборна комисија. Според овие резултати, Пахор освоил 47,07 насто од гласовите и во вториот круг по две недели ќе се соочи со независниот градоначалник на Камник, Марјан Шарец, кој доби 24,96 проценти од гласовите.
ЦИА ГИ ПРОШИРУВА ТАЈНИТЕ ОПЕРАЦИИ
Американската Централна разузнавачка агенција ЦИА ги проширува своите тајни операции во Авганистан, во потрага и убиства на талибански милитанти, објави весникот „Њујорк тајмс“
БАРСЕЛОНА ВО СТРАВ
Дел од жителите на Барселона изразуваат стравување откако лидерите на Каталонија изјавија дека нема да прифатат директно владеење што му е наметнато на регионот од страна на шпанската влада. Политичката криза, која произлезе од барањето на Каталонците за отцепување од Шпанија, ја вознемири економијата, а деновиве ги зголеми стравувањата од немири
СУДОТ ВО ТУЛУЗ ОДЛУЧУВА ДАЛИ НОВОРОДЕНЧЕ МОЖЕ ДА СЕ ВИКА ЏИХАД
Судот во францускиот град Тулуз треба да одлучи дали на едно дете, родено во август, родителите може да му го дадат името Џихад. Иако џихад на арапски значи „борба“ или „залагање“, локалните власти во Тулуз се обратиле до обвинителството да проверат дали детето може да добие такво име