Судечките совети на Управниот суд донеле одлуки за сите 28 тужби од политичките партии поднесени од политичките партии против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори.
До 18 часот на веб-страната на судот објавени се одлуките за 16 тужби кои се одбиваат како неосновани. Четиринаесет од нив се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, и по една од ТМРО и Левица. Одлуките на Управниот суд се конечни.
Според информациите од Управниот суд, одлуките за поднесени тужби од партиите постепено ќе се објавуваат преку АКМИС системот на веб - страната на Управниот суд.
По тужбите на политичките партии одлучуваа судечки совети составени од по пет судии избрани по пат на жрепка.
Вториот круг од локалните избори кои треба да се одржат во 35 општини е закажан за 29 октомври.