Вучиќ - Можни се предвремени парламентарни избори

Српскиот претседател Александар Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска пред новинарите изјави дека е можно одржување на вонредни парламентарни избори, доколку опозицијата толку „жестоко ги посакува".

Притоа, тој ги повика политичките противници уште еднаш да размислат дали ќе одат на избори или не.

„Ако толку силно ги сакаат, може да има избори, само потоа да не плачат или да викаат дека Свети Петар им е виновен зошто изборите ги изгубиле“, истакна Вучиќ.

Српскиот претседател, кој беше во посета на Панчево, коментирајќи ги барањата на опозицијата за избори, додаде дека „нема ништо против доколку опозицијата подобро се чувствува ако секоја година доживува пораз“.