МВР ги потврди наводите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека МВР прислушкува над 100 луѓе од врвот на партијата, рече денеска Оливер Андонов од оваа партија.
Тој смета дека одговорот од МВР дека работат согласно законите „и со наредба од судот преку Јавното обвинителство“, е директно признание дека се прислушува раководството на опозициската партија.
„Ова е скандал и атак врз демократијата, плурализмот и слободната мисла“, рече Андонов.
Тој вели дека СДСМ врши политички прогон на сите неистомисленици и политички противници и оти ја претворил МВР во алатка за пресметка со демократските сили во државата.
„Бараме веднаш да се направи стручна експертиза, во која ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти и кои ќе ја утврдат состојбата со следењето на комуникациите од страна на МВР. Кога СДС се дрзнува да го прислушкува раководството на ВМРО-ДПМНЕ, сигурни сме дека секојдневно се прават злоупотреби од секаков вид“, рече Андонов.