Заев - 2018 година ќе биде исклучително важна за евроинтеграциските процеси

Архива - Премиерот Зоран Заев.

2018 година ќе биде од исклучителна важност за Македонија, бидејќи евроинтеграциските процеси, кои повеќе години беа запрени и ставени во втор план, ќе бидат значително поместени и ќе добијат нова реалност, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со новоименуваниот амбасадор на Шпанија Емилио Лоренцо Сера.

Лоренцо Сера изјави дека Шпанија останува силен поддржувач на политиките на Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО, а двајцата соговорници се согласија дека Македонија и Шпанија имаат традиционално добри и пријателски односи.