Скопскиот Кривичен суд ги отфрлил снимените разговори на Специјалното јавно обвинителство како докази во обвиненијата за предметите „Титаник“, „Титаник 2“, „ТНТ“, „Тенк“, „Тифани“ и „Тревник“.
„Бомбите“ беа прифатени како доказ во случаите „триста“ и „Шамари за Жерновски“.
Во СЈО велат дека е логично да се прифатат снимените разговори како судска практика кога таква одлука донел повисок суд за еден предмет, но и покрај тоа Кривичниот суд во други случаи не ги прифатил снимените разговори како доказ.
Од СЈО додаваат дека решенијата за шесте предмети се донесени пред 18 септември, но дека тие ги добиле деновиве.
Претходно беа отфрлени како докази и прислушуваните разговори во предметите „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“.
Се очекува СЈО да поднесе жалба за шесте одбиени предмети согласно законскиот рок.
СЈО досега достави 17 обвиненија.