Италијанската полиција до албанските власти испратила документи и транскрипти на 400 страници од прислушувани разговори, од кои произлегува дека неколку блиски соработници на албанскиот премиер Еди Рама, меѓу кои и Саимир Тахири, министер за внатрешни работи во неговата претходна Влада, биле вклучени во шверц на марихуана.
На една од снимките на телефонските разговори, соговорник на Тахири му ветува 50 илјади евра за „да замижи“, кога големо количество марихуана требало да биде префрлено од Албанија за Италија.
Опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша, заедно со Социјалистичкото движење за интеграција на Моника Круемади, сè погласно бараат оставка на Рама и апсење на Тахири, за кого дел од медиумите наведуваат дека наводно се обидел да се самоубие.
Предавањето на транскриптите на албанските власти уследи откако италијанската полиција во една од своите многубројни акции за борба против на трговијата со дрога од Албанија во Италија го уапси Моси Хабити, кого албанските медиуми го нарекуваат „балкански Пабло Ескобар“. Хабиби е предводник организираната криминална банда „Хабилај“, која е вклучена во шверцот на дрога кон Италија.