Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент денеска го усвои предлогот на Европската комисија за државјаните на трети земји ослободени од визи за влез во Шенген-зоната, меѓу кои и граѓаните на Република Македонија, од 2020 година да треба да аплицираат за дозвола за патување пред да пристигнат во Европската унија.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, новиот Европски систем за патување и овластување (ЕТИАС) ќе овозможи напредни проверки на безвизните патници и оние за кои се смета дека претставуваат ризик во однос на безбедноста, неправилната миграција или високиот ризик од епидемија, при што ним ќе им биде одбиен пристапот.