МВР се уште нема добиено официјална потврда од грчката полиција за апсењето на поранешните началници Горан Грујевски и Никола Бошковски во Солун. МИА синоќа објави дека двајцата поранешни началници во МВР, кои неколку месеци беа во бегство, се притворени во Солун, Грција. Бошковски и Грујевски се обвинети од СЈО во случаите „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“. Двајцата од 18 јули, кога Апелацискиот суд им определи мерка притвор, се недостапни за полицијата, најверојатно криејќи се со лажни идентитети. Тие се обвинети за уништување на опремата за прислушување.