Извори во Министерството за внатрешни работи за Радио Слободна Европа потврдија дека во Солун, Грција, биле уапсени поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошковски кои се обвинети во случајот Тврдина од страна на Специјалното јавно обвинителство. Според првичните информации, тие биле приведени по меѓунароната потерница откако поминаа три месеци во бегство. Повеќе детали од МВР најавуваат за утре.
На поранешниот началник на Петта управа Грујовски и поранешниот вработен во УБК, Никола Бошковски им беше одреден притвор на 18 јули, откако Врховниот суд по повеќедневно пролонгирање им го потврди притворот што претходно го одреди Кривичниот суд, а го потврди и скопска апелација. Судското рочиште за предметот „Тврдина“ веќе започна, а нив им се суди во отсуство.
СЈО обвини вработени во УБК дека во 2015, непосредно по објавување на опозициските „бомби“, уништиле докази за прислушувањето. Првообвинет во овој случај е поранешниот началник на Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Грујевски, а заедно со него и шест вработени во Управата.