Трамп: можен крај на иранската нуклеарна програма

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ја оцени како „вистинска“ можноста за поништување на иранската нуклеарна спогодба. „Би можело да дојде до целосно завршување на спогодбата. Тоа е вистинска можност“, изјави Трамп во Белата куќа, додавајќи дека новата фаза би можело да биде „многу позитивна“. Трамп за иранските преговарачи оцени дека биле „одлични“. „Тие преговараа за спогодба која е фантастична за нив, но одвратна за САД“, изјави тој на состанокот со членови на неговата администрација. Трамп прашањето на таа спогодба му ја препушти на Конгресот, како и на другите земји кои ја потпишаа.