ЕУ ќе побара продолжување на мисијата „Алтеа“ во БиХ

Архивска фотографија: Хеликоптери на ЕУФОР на воена вежба во БиХ

Министрите за надворешни работи од ЕУ ја потврдија посветеноста на Босна и Херцеговина како единствена, обединета и суверена држава. Во документот усвоен на денешниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург се наведува дека реториката на поделби во последните месеци го забавило темпото на реформи и се одразило на политичката клима во БиХ.

Министрите исто така одлучија да побараат од Обединетите нации продолжување на мандатот на мисијата „Алтеа“ во Босна и Херцеговина. Мисијата започната во 2004 година има за цел да им помогне на босанските власти во одржувањето „сигурна и безбедна срдина“ во повоениот период.