Ерата на локални шерифи заврши, обврската ни е поголема, во Македонија ќе има живот за сите, рече претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, во обраќањето пред Владата, по одржувањето на локалните избори. Тој вели дека од скопските општини СДСМ и коалицијата победиле уште во првиот круг во Ѓорче Петров, во Карпош, во Центар, во Аеродром, Шуто Оризари, а дека чекаат дали ќе победат во Бутел, Гази Баба и Кисела Вода.
Заев вели дека во првиот круг победиле и во Зелениково, Арачиново, Куманово, Ранковце, Крива Паланка, Кратово, Кочани, Пехчево, Делчево, Берово, Конче, Радовиш, Василево, Босилево, Струмица, Ново Село, Валандово, Богданци, Дојран, во Гевгелија, Демир Капија, Неготино, Лозово, Велес, Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Дебарца, Вевчани, Крушево, Марвово- Ростуше, Јегуновце....
Од досега преброените гласови водат и во Град Скопје.
Новата лаокална власт ќе биде транспарентна и одговорна, рече Заев.
Симпатизери на партијата и граѓани слават победата пред Владата, а се слави и во други градови.