Шефот на изборниот штаб на Алијансата за Албанците, Елми Азири, изјави дека денешните избори поминале добро, со помали неправилности, што не го загрозиле изборниот процес. Додаде дека резултатите ја поставиле Алијансата за Албанците како втора политичка партија на Албанците во Македонија и во албанскиот политички блок.
Во Струга Алијансата, односно нивниот лидер Зијадин Села како победник оди во вториот круг каде ќе се натпреварува со кандидатот на СДСМ, а додека во Гостивар нивниот кандидат Арбен Тарвари како победник ќе оди во вториот круг и ќе се сретне со Невзат Бејта од ДУИ.
Во втор круг нивните кандидати ќе се натпреваруваат во Врапчиште, Дебар и во Боговиње со кандидатите на ДУИ.