СДСМ заедно со коалиционите партнери победи во повеќе од 40 општини во Македонија, рече претседателот на изборниот штаб на СДСМ, Миле Зечевиќ, вечерва на прес-конференција во партиското седиште.
„Со оваа победа СДСМ и коалицијата ќе ги заокружат промените во Македонија. Овој ден е празник за демократијата и пример за мирно и слободно изразување на правото на глас на секој граѓанин“, рече Зечевиќ.
Тој ги повика симпатизерите и граѓаните да им се придружат на прославата на победата пред зградата на Владата во Скопје, каде се очекува да се обрати и премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.