Ахмети објави победа на ДУИ во Кичево и Пласница

Претседателот на ДУИ Али Ахмети

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва објави победа на кандидатите за градоначалници на ДУИ во општините Кичево и Пласница во првиот круг.

На прес-конференција во партиското седиште во Тетово, тој оцени дека изборите се одвиваа мирно, без изразени неправилности. Според него, на ниво на државата секаде водат кандидатите на ДУИ и, како што рече, тоа ќе биде 11 победа на партијата на какви било избори.