СДСМ - Мирен, достоинствен и демократски избирачки ден

Александар Кирацовски

СДСМ вечерва оцени дека имало мирен, достоинствен и демократски избирачки ден. Александар Кирацовски од СДСМ на вечерашната прес-конференција во партиското седиште во Скопје рече дека гласањето поминало слободно и без притисоци. Тој изрази уверување дека изборните резултати ќе ја потврдат заложбата на граѓаните за промени.

„Очекуваме сите учесници на изборите, без разлика на резултатот, со своето однесување да придонесат да се задржи фер и демократската атмосфера“, рече Кирацовски.

Според него, вечерва победува Република Македонија и нејзините граѓани.