МОСТ до 17 часот регистрирал неправилности на 16 избирачки места

Дарко Алексов

Набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ на денешното гласање забележале непочитување на постапката на гласање и реакција од страна на избирачките одбори на 10 гласачки места, проблеми предизвикани од неовластени лица на едно гласачко место и непочитување на постапката на гласање и проблеми предизвикани од гласачи на пет гласачки места.

Ова беше соопштено на прес-конференција попладневно на која извршникот директор на МОСТ Дарко Алексов.

Во Кисела Вода му било дозволено да гласа на гласач кој имал траги од мастило.

Во општина Прилеп, на едно гласачко место три неискористени ливчиња биле пронајдени зад параванот, а на друго гласачко место било пронајдено едно неискористено гласачко ливче. Неискористено ливче зад параванот било пронајдено и во Аеродром.

Во Кавадарци 10 гласачи не биле проверени со УВ ламба, а во Кичево имало седум случаи на семејно гласање, при што биле злоупотребени 17 гласови.

Алексов потенцира дека проблеми предизвикани од неовластени лица имало пред ОУ „Гоце Делчев“ во Неготино каде има неовластени лица со списоци.

Гласач го фотографирал гласачкото ливче во Охрид и во Ѓорче Петров.