Неколку пријави за изборни нерегуларности има доставено во основните јавни обвинителства, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.
Во соопштението појаснуваат дека надлежните основни јавни обвинителства преземаат дејствија за овие пријави во насока на утврдување на фактите за постоење елементи на сторени кривични дела предвидени воГлава 16 од Кривичниот законик – Кривични дела против изборите и гласањето.
Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности при Јавното обвинителство на Република Македонија информира дека будно ги следи сите случувања за време на изборниот процес и денеска за време на гласањето.