МВР викендов ќе издава лични карти

Сите одделенија за управни работи на МВР денеска и утре, на денот на локалните избори, ќе работат и ќе издаваат лични карти на граѓаните, само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со денеска попладне до 16:30 часот.

Утре, на денот на изборите, одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 7:00 до 19:00 часот.

МВР апелира на почитување на изборните правила. Од Министерството апелираат до политичките партии и нивните симпатизери да ги почитуваат изборните правила, да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир, бидејќи секакво однесување спротивно на законите МВР нема да го толерира.

„МВР ќе преземе се што е потребно в недела, 15 октомври, граѓаните непречено и мирно да го искористат своето уставно право на слободно изјаснување на својата политичка волја“, соопшти МВР.