На полноќ заврши изборната кампања за локалните избори што ќе се одржат утре и започна изборниот молк. Молкот трае до 19 часот на денот на изборите. Во тој период може да се известува за изборите и текот на гласањето, но престануваат сите облици на изборно месиумско преставување.
Денеска, ден пред изборите, своето право на глас можат да го остварат 1.882 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, девет внатрешно раселени лица, како и немоќните и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.
Внатрешно раселените лица гласаат во прифатлиштата каде што се сместени, болните и немоќниоте лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде ја издржуваат мерката.
Гласањето и денеска и утре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот.