СДСМ денеска излезе со реакција на пресс конференцијата на ВМРО ДПМНЕ наведуавјќи дека сите надлежни институции се целосно професионализирани и посветени на спроведувањето фер, слободни и демократски избори.
"Граѓаните да бидат спокојни и да не подлегнуваат на лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и во недела масовно и слободно да го искористат своето право на глас", се наведува во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Според СДСМ времето на злоупотреби на институциите, поткупот, уцените и заканите за предизборни партиски цели , заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во опозиција.
Пртходно ВМРОДПМНЕ на прес конференција најави дека ќе организираaт народни стражи за чување на изборниот процес
"Во отсуство на реакција од страна на државните институции ние како партија ќе се саморганизираме со народни стражи гарант на демократијата и граѓанската волја. Тимови од ВМРО-ДПМНЕ се на терен и сите нарушувања и прекршувања на изборниот процес ќе ги документираат" изјави Спиро Ристовски.
Според Ристовски, државните органи не реагираат, иако има сериозни нарушувања на изборните правила: поткупувања, злоупотреба на државни институции, мешање на државните ресурси за партиски цели на повеќе места во земјата, што укажува на системски пристап, а не се изолирани случај.