Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско на деветте негови налози на Твитер го следат 40 милиони луѓе, соопшти Светата столица. Папата кој на девет јазици упатува верски пораки на Твитер му се приближи на американскиот претседател Доналд Трамп кој го следат 40 милиони и 300 илјади луѓе, но е многу зад поранешниот претседател на САД Барак Обама со 93 милиони, пејачката Кејти Пери и Џастин Бибер со 102 милиона. Папата најмногу го следат на шпански јазик, над 14 ипол милиони луѓе, потоа на англиски 14 милиони и на италијански 4,6 милиони луѓе. Интересно е што папата повеќе го следат на латински, над 840 илјади луѓе, отколку на германски и арапски јазик.