Шпанија може да ја укине автономијата на Каталонија

Шпанскиот премиер Маријано Рахој

Шпанскиот премиер Маријано Рахој го направи првиот чекор кон активирањето на членот 155 од шпанскиот устав, што е таканаречената нуклеарна опција, што ќе му овозможи да ја суспендира автономијата на Каталонија.

„Владата одлучи официјално да побара одговор од каталонската влада дали прогласиле независност или не“, рече Рахој во телевизиското обраќање.

Тој рече дека одговорот од каталонскиот премиер ќе „ги одреди следните настани во наредните неколку дена“. Рахој најави дека ќе продолжи да дејствува на „претпазлив и одговорен“ начин.

Ова официјално барање е неопходно за активирање на членот 155, иако во Уставот не е прецизно наведено времето за одговор.

Каталонскиот претседател Карлес Пуџемон синоќа рече дека го суспендира прогласувањето независност за да остави простор за преговори со шпанската влада.