Ричард Талер - добитник на Нобеловата награда за економија

Американскиот економист Ричард Талер

Американскиот економист Ричард Талер е добитник на годинашната Нобелова награда за економија за неговиот придонес во полето на бихејвиоралната економија, соопшти денеска Шведската кралска академија на науките и уметностите.

„Во основа, придонесот на Ричард Талер изгради мост меѓу економијата и психолошката анализа на индивидуалното донесување одлуки“, соопшти нобеловиот комитет.

Талер добива награда од 9 милиони шведски круни, односно околу 1,1 милиони долари.

Нобеловата награда за економија беше воведена во 1968 година и не беше дел од оригиналната група награди воведени од Алфред Нобел во 1895 година.