Забранет влез на албанска навивачка група на натпревар за СП

албански навивачи, архивска снимка

Албанската полиција и забрани на организираната навивачка група „Илирска елита“ да дојде на денешниот натпревар меѓу репрезентациите на Албанија и Италија во Скадар во рамките на кфалификациите за Светксото првенство. Припадници на оваа група на натпреварот против Италија во март годинава предизвикаа нереди и фрлаа пиротехнички средства на терен. Полицијата исто така соопшти дека ќе преземе вонредни безбедносни мерки и при проверка на граничните премини со соседните Косово, Македонија и Црна Гора, како и на аеродромот во Тирана.