Убиени седум милитанти и двајца полицајци во Авганистан

Архива - Воена операција во северната авганистанска провинција Сар-е-Пул.

Најмалку седум талибански милитанти се убиени во воздушни напади што ги извршиле авганистанските безбедносни сили во северната провинција Сар-е-Пул, велат авганистански воени претставници.

Портпаролот на авганистанскиот корпус во северниот регион Насратулах Џамшиди вели дека 11 други милитанти биле повредени доцна синоќа, откако цел на авионите на авганистанската влада бил тренинг центарот на милитантите во областа Кохистантат.

Засега нема коментар за нападот од страна на Талибанците. Во меѓувреме полицијата во северната провинција Баглан соопшти дека двајца полицајци биле убиени во напад на милитантите на контролен пункт, а дека еден полицаец бил повреден.