Стотици опозициски активисти присуствуваа на протест противк орупцијата во главниот азербејџански град Баку. Денешниот протест беше организиран од страна на Националниот совет на демократски сили – организација кој ги здружи некои од поозициските сили на Азербејџан.
Полицијата соопшти дека околу 1.200 луѓе присуствувале на протестот, додека новинската агенција „Туран“ соопшти дека присуствувале илјадници луѓе.
Демонстрантите извикуваа „Крај за корупцијата“ и „Слобода за политичките затвореници.“Не се забележани инциденти за времер на протестот.
Активистите ги обвинија властите за репресија врз новинари, активисти на граѓански организации и работници за човекови права. Тие побараа Западот да направи повечќе да ги контролира властите во Баку.