Најмалку 14 загинати во сообраќајна несреќа во Пакистан

Архивска фотографија - сообраќајна несреќа во Пакистан.

Најмалку 14 лица загинаа и 27 се повредени во денешен судир меѓу патничко комбе и автобус во југозападен Пакистан. Автобусот превезувал студенти од градот Квета до блиско излетничко место во областа Мастунг.

Локалните власти соопштуваат дека несреќата се случила во близина на Квета во провинцијата Балочистан, откако возачот на комбето загубил контрола поради забрзување и се судрил со автобусот кој доаѓал од спротивната страна.

Заменикот директор за студентски прашања на Универзитетот за информатичјка технологија и инженерство во Балочистан, Саимен Кан, за РСЕ ијави дека сите жртви, меѓу кои и деца, биле во патничкото комбе, додека студентите во автобусот претрпеле само повреди.