Првата Парада на гордоста во Косово ќе се одржи на 10 октомври во Приштина, под слоганот „Во името на љубовта", објавија косовските медиуми.
Парадата ќе почне во 11:30 часот и ќе се движи по главните улици на Приштина, од плоштадот Скендербег, преку плоштадот Мајка Тереза до пазарот Захир Пајазити.
Предвидено е на крајот на парадата да се одржат кратки говори и културно- уметничка програма.
Во изминатите три години на Косово се одржаа три маршеви на ЛГБТ популацијата.