По завршениот претрес на СЈО во кандецалеријата на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, обвинителката Катица Јанева изјави дека се работи за предистражна постапка за оддавање службена тајна, но и за злоупотреби на АКМИС системот преку кој се врши распределба на судските предмети.
“Со наредба од судот ги одземавме сите податоци од компјутерскиот систем за распоредување на предмети. Едната предистражна постапка е поврзана со друг предмет кој произлегува од прислушуваните разговори”, рече Јанева.
Како што изјави Јанева претреси се вршат и во канцелариите на информатичарите во судот и во семејни домови на информатичарите и на Панчевски. Одговарајќи на новинарско прашање, таа рече дека се сомневале оти се местеле предмети и дека издавале податоци за лица поврзани со случаи на СЈО, без да открие за кои лица станува збор. Таа дополни дека лицата биле цел на оперативно следење и се поврзани со предмет кој произлегува од друга постапка на СЈО.