Безбедносната и прекуграничната соработка и енергетското поврзување, се дел од темите врз кои ќе се осврнат министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија, Никола Димитров, Никос Коѕијас, Дитмир Бушати и Екатерина Захариева, на денешната нивна средба во Солун која се одржува на иницијатива на шефот на грчката дипломатија. Ова е втора средба во ваков формат, со цел зајакнување на регионалната стабилност и трансграничната соработка меѓу соседните земји од јужниот дел на Балканот. Во делегациите се вклучени и министрите за внатрешни работи и за енергетика, односно економија на четирите земји.