Претседателот на Соединетите држави Доналд Трамп изјави дека има целосна доверба во државниот секретар Рекс Тилерсон со што ги оспори медиумските наводи за нивно меѓусебно несогласување. „Тоа е целосно лажна приказна која ја измисли Ен Би Си“, рече Трамп во Лас Вегас. Според извештајот на телевизиската мрежа Ен Би Си, Тилерсон размислувал за оставка поради несогласувањата со Трамп. Тилерсон претходно ги отфрли наводите за оставка.