Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, вели дека е посветен на администрацијата на Доналд Трамп. Неговата изјава доаѓа откако медиум објави дека тој го нарекол претседателот „морон“.
Тилерсон денеска во Стејт департментот, рече дека никогаш не размислувал да поднесе оставка од администрацијата на Трамп.
„Мојата посветеност на агендата на Трамп е толку цврста, како и на денот кога ја презедов функцијата“, рече тој.
Претходно денеска, Ен-Би-Си њуз објави дека Тилерсон, за време на состанок во Пентагон , го нарекло Трамп „морон“.
Тилерсон запрашан од новинарте за коментар на извештајот, не го побил, но ги осудил, како што рекол „ситните бесмислици“ во објавените коментари.