Борисов - Грција и Македонија да најдат решение, како што наjдоа Софија и Скопје

Бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Грција и Македонија треба да најдат решение за меѓусебниот спор како што тоа го направија Софија и Скопје, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

„Треба да се најде решение меѓу двата народа, така како што ние го најдовме, бидејќи Грција ќе ги блокира за НАТО и за ЕУ“, истакнува Борисов во изјава за „Труд“, одговарајќи на прашање зошто на вчерашната средба на лидерите на Бугарија, Грција, Романија и Србија во Варна, не присуствувал и македонскиот премиер Зоран Заев.

За создавањето на т.н. „Варнанска четворка“, бугарскиот премиер оценува дека со тоа се потврдува заедничката волја за обединување, европска интеграција и за почитување на европските принципи и правила. Тоа воедно значи и решавање на прашањата кои се важни за Балканот, истакна Борисов.