Грчки суд реши денеска да им го израча на Соединетите држави Александар Виник, русин осомничен за сајбер криминал односно за проневера на 4 милијарди долари во рамките на виртуелната валута биткоин. И Русија бара израчување на Виник за проневера на девет ипол илјади евра. Американските власти го обвинуваат Виник за водење платформа за размена на биткоин и за перење пари добиени од таквото криминално дејство. Тој беше уапсен кон крајот на јули и од тогаш е во притвор во Солун.