Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич ги повика институциите да обезбедат услови за слободни избори во Македонија.
Ова следува по неколкуте инциденти во кампањата за локалните избори, меѓу кои и синоќешниот напад врз актуелниот градоначалник на Шуто Оризари и кандидат за нов мандат, Елвис Бајрам.
„Пред локалните избори во земјата, ние ги охрабруваме сите претставници на политички партии да постапуваат одговорно. Исто така, ги повикуваме сите институции да обезбедат услови за веродостоен и транспарентен изборен процес, што ќе им овозможи на сите граѓани слободно да ги остваруваат нивните демократски права“, порача Коцијанчич.